Поранешниот охридски обвинител, а сега адвокат за кривично право Војо Димоски во објава на Фејсбук му се обраќа на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Во објавата бара Јовески да одговори колку тој придонел да се затскријат кривични дела кои се воделе против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД.
Димоски го прашува Јовевски дали го спасувал Мерко од затвор преку Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, на чиешто чело денес е кадарот на ДУИ Ислам Абази.
Дали директно сте вршеле притисок предмет против Мерко кој се однесува на злоупотреби на продажба на општински имот да биде испратен во ОЈО за организиран криминал, каде што истиот потоа е „ставен на мраз”, прашува Димовски.
За Димоски соопштението на ЈОГКК е клише.
Недозволиво е сета вина да се фрла на основните обвинители во Струга во услови кога постои републички обвинител задолжен за нивна контрола, како и Вишо обвинителство во Битола кое најмалку двапати во годината ги контролирало истите обвинители, пишува Димоски.
Некој треба да го контролира и нив и нивното делување. Јас најодговорно тврдам дека во ниту еден од записниците за контрола на струшкото ЈО не се констатирани недостатоци во постапувањето во предметите против Мерко. Зошто е тоа така треба да одговорат раководителите на Вишото во Битола, а особено претходната раководителка како и координаторот за струшкото обвинителство во Вишото обвинителство во Битола, пишува Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.