Хирурзите кои работиме спинална патологија и скршеници на рбетниот столб имаме амбиција да направиме посебна Клиника во рамки на ТОАРИЛУЦ каде со постојните ресурси ќе овозможиме лекување на болестите на рбетниот столб со што ќе се намали листата на чекање за дегенеративните проблеми на ‘рбетниот столб како кај повозрасната популација, така и кај помладата, како и кај децата со сколиози.
Иако даваме максимални напори не може да се згрижат сите кои имаат потреба со оглед дека на Клиниката за трауматологија се третираат пациенти со сите видови скршеници.
Во рамки на Спиналниот центар кој планираме да го направиме на нашата Клиника ќе биде и физикалната терапија за вакви пациенти со ваков инвалидитет, со оглед дека рехабилитацијата е клучна во овој сегмент, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.