Во изминатиот период дефицитот на кадри иако беше нагласуван од наша страна не беше можеби препознаен. Меѓутоа откако голем процент колеги заминаа во пензија, потребата од млади кадри мислам дека веќе се препознава од страна на здравствените власти, изјави претседателката на Здружението на педијатри д-р Аспазија Софијанова.
Таа на прес-конференција по заокружувањето на четиридневниот Конгрес на педијатри изрази надеж дека младите кои во моментов се на специјализација ќе покријат дел од тој дефицит.
Дел од кадрите кои доаѓаат на едукација, дел кои запишаа специјализација, и тоа голем процент укажува на тоа дека имаме подмладок на кој се надеваме, само треба време тој подмладок да биде поткрепен со доволно знаење. Мислам дека подмладокот полека е спремен да надокнади дел од оние дефицити за кои се зборува ама како и да е, сепак, се препозна дека иднината и она што и ние го внесуваме ќе биде надминато наскоро, оцени д-р Софијанова.
Таа истакна дека токму ваквите настани како Конгресот нудат знаење и ќе придонесат за побрзо пренесување на љубовта на подмладокот кон педијатријата.
Информира дека Конгресот понудил дискусии на теми од областа на неврологијата, неонатологијата, нефрологијата, развојните пореметувања кај децата, а биле и присутни експерти кои говореле за тоа какви предизвици остави Ковидот.
Тука е и генералниот секретар на Европската академија за педијатрија, професор Мехмет Вурал со кој дебатираме на тема имунизација која гледаме дека со процентите е намалена секаде во светот, па и кај нас. Имавме можност да присуствува и претседателот на Европската академија за педијатрија, изјави Софијанова.
Доктор Оливер Зафироски изјави дека овогодишниот Конгрес е најуспешен досега.
Она што е најважно и најдобро е што голем број млади доктори со овие две работилници имаа практична настава, што е од големо значење, бидјеќи знаете дека нашата педијатрија во Македонија има се помал број на педијатри и ова е еден голем предизвик за сите млади колеги да доживеат практична работа, изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.