На 8. Академија за здравство и здравствени системи прим. д-р Ленче Нелоска се осврна на современата геријатрија и геронтологија, состојбите во светот и во Македонија на ова поле, како и клучните предизвици со кои се соочуваат во Македонија и стратегиите на кои се работи.
Д-р Нелоска се осврна и на аспектот на долготрајната резиденцијална/институционална грижа во ЕУ.
До 2050 година најголемиот дел од популацијата ќе биде на возраст од 60-64 години. Европските здравствени системи ќе мора да ја редизајнираат грижата за старите лица и особено грижата за домот. Потребна заедничка стратегија/регионализација и планирање на геријатриски кревети во постојните болници во Македонија, посочи меѓуостанатото д-р Нелоска.
Таа меѓудругото се осврна на регионалниот пристап во планирање на капацитетите и кадарот – категоризација на пациентите, како и проекции за оптимални капацитети за долготраен престој и улога на општините –програми за услуги во домашни услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.