Новата варијанта на корона вирусот наречена „кракен“ не е причини за загриженост за евентуални хоспитализации и смртни случаи, во разговор за Канал 5, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Д-р Мехмедовиќ вели дека може да загрижува само полесната преносливост на „кракен“, но дека сепак, не се очекуваат потешки форми на болеста. Тој вели дека варијантата „кракен“ не прави пневмонии, па затоа не очекува да се наполнат болниците.

За повеќе од двојно зголемениот број на потврдени случаи на грип, пак, д-р Мехмедовиќ вели дека состојбата не е алармантна и не отстапува од вообичаената крива во овој период од годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.