Во рамки на посетата на САД вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ имаше интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, во кое се осврна на актуелните теми поврзани со евроинтеграцијата на државата, објави Секретаријатот за европски прашања.
„Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на … Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите, поточно со Бугарија, еден тунел од десет години кој што не знаеме кога ќе се појави светлото на крајот на тој тунел или кога би излегле од него и повторно отворање на истите и истите прашања поврзани со идентитетот, со јазикот, со нешто што денес ни е веќе решено и ни е ставено во преговарачката рамка со Европската Унија и во процесот на преговорите“, истакна Маричиќ во интервјуто.
Тој нагласи дека 2030 година е реална можност.
„Тоа не е датум, кој ни е даден како гаранција, туку како можност. Ние се боревме долго време, еве, оваа влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ индикативен датум како можност за членство во 2030-та“, додаде вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.