Честитка на Првиот потпретседател на Владата, г-дин Артан Груби по повод 23 мај – Националниот ден на Власите

Почитувани сограѓани од влашката заедница,

По повод вашиот национален ден, ви посакувам многу здравје, благосостојба и успех во остварувањето на вашите прогресивни аспирации.

Денешниот ден е потсетување и израз на благодарност за вашиот круцијален придонес за демократската консолидација и развој на нашата земја врз вредностите на мирот и еднаквоста.

Како што досега придонесовме за прогресивната сегашност, да останеме заедно почитувајќи ги јазикот и културата еден на друг за да ја изградиме европската иднина.

Среќен 23 мај, Националниот ден на власите!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.