По повеќе од два месеци по почетокот на претседавањето со ЕУ, во Собранието ќе бидат презентирани приоритетите на Чешкото претседателство.

Амбасадорот на Чешката република во Македонија Јарослав Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година, пред членовите на Комисијата за европски прашања.

Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзини приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции.

За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата.

Чешка го презема од Франција претседавањето со ЕУ на 1 јули, а од 1 јануари 2023 година Шведска ќе биде на чело на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.