Среќен роденден ќерко!
Ти посакувам пред се’ здравје и успеси во твојот професионален развој како адвокат но здравје и среќа и во семејното остварување, напиша Митко Чавков на својот фејсбук профил.
Мојот аманет е, да продолжиш како и до сега, ХРАБРО да “газиш”. Се стекна со статус АДВОКАТ во најмрачниот период од животот за нашето семејство, храбро почна со адвокатската кариера самостојно во период и сценарио во кое бевте фрлени сите вие покрај мене.
Свесна си за сите аспекти на тоа сценарио, свесна дека семејство во целина сте жртви заради мојата долгогодишна и бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.
Политичката и финансиската моќ кои ја имаа и сеуште ја имаат криминалните структури што ни ја определија судбината, како и до сега, не дозволувај да те поколебат, напротив, да те охрабри да продолжиш понатаму.
Нивната финансиска и сеуште политичка моќ, која секако ќе трае, те уверувам дека со тек на времето се’ повеќе ќе бледее а нашата чест и достоинство не само што не ги поништија туку напротив несакајќи ги потврдија!
Заради личната освета према мене и политичките цели што ги постигнаа во случајот, преку малиот број поданици во правосудниот систем, ве осудија и вас.
Ти според нив и нивниот правосуден систем со 2% доверба кај граѓаните, според нивниот блед и фалсификува печат, си ќерка на ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ и ТЕРОРИСТ но не заборавај, според 98% од граѓаните си ќерка на ПОЛИТИЧКИ затвореник осуден заедно со останатите политички затвореници во нефер и криминална постапка, преку која во исто време требаше да се скрши и кичмата на македонскиот народ.
Ќерко, не ми замерувај, потребата и во оваа пригодна на роденденска честитка да ја објаснувам вистината е само заради една причина – да те охрабрам како и до сега да го продолжиш твојот професионален развој, да ја продолжиш семејната традиција на чесност и интегритет, традицијата на постојана борба за успех во животот.
Да заклучам, мојот аманет е НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕШ во борбата за владеење на правото, правдата и правичноста иако си свесна за ТИРАНИЈАТА која владее во МАКЕДОНИЈА!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.