Бугарска телеграфска агенција отвори свој прес-клуб во Скопје. На настанот присуствуваше министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, како и министерката за културата на Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, претседавачот на собраниската комисија за култура и медиуми на Бугарија, Тошко Јорданов и други функционери.
Прес клубот на БТА во Скопје ќе биде место за прес-конференции, интервјуа, настани, состаноци и размена на искуства меѓу новинари од Бугарија и Република Македонија, рече на отворањето директорот на агенцијата Кирил Валчев.
На свеченоста, министерката Генчовска упати честитки до тимот на БТА, нагласувајќи дека веќе постои вистинска медиумска врска меѓу двете земји и изрази уверување дека новинарите ќе работат во атмосфера на колегијална и пријателска соработка во името на високиот професионализам.
Отворањето на медиумскиот клуб беше дел од посетата на бугарската делегација во спомен на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.