Очигледно е дека дојде до фрагментација на ДУИ. И очигледно дека од она што барем го слушам е дека силната улога на господинот Артан Груби во демократската унија за интеграција дојде до ситуација на одделување на еден огромен дел од членството“, истакна Ивица Боцевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Боцевски додаде дека по сликите по медиумите и социјалните мрежи може да се забележи дека Огнените имаа масовни собири.

„Раздрмано е столчето на Артан Груби. Еве денеска гледате од Огнените не гласаа за Владата. постои ли еден појасен сигнал дека таму веќе најверојатно нема една партија. Значи вие кога нема да поддржите министри од вашата Влада, вие де факто веќе не припаѓате на тој тим“, заклучи Боцевски.

Тој посочи дека се поочигледен е расцеп на ДУИ.
„И гледаме дека зад тој расцеп стојат многу моќни фигури од ДУИ“, укажа Боцевски.

Тој нагласи дека нервозата кај Артан Груби секој ден е се поочигледна, бидејќи има расцеп во ДУИ и неговиот криминал излезе во виделина. Јавноста воочи како Груби се богати врз грбот на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.