Владата на седница го именува Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, а донесе и нови кадровски решенија на повеќе институции.

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје, а Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем, Пеце Стојковски за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, а Ерол Абдиу за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, а Фикрет Шабани за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.