Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во своето обраќање на Првата меѓувладината конференција во Брисел рече дека на Македонија не ѝ e потребен заклучок од Европската Унија со кој ќе ѝ се потврди идентитетот затоа што нашата земја нема да го загуби во процесот на преговори.
„Живееме во време на политики на идентитети. На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, никој од нас не го губи. Ние имаме неколку слојни идентитети. Македонија со својата богата историја и култура секогаш била дел од Европа, вам не ви требаат заклучоци за тоа од ЕУ. Ни требате вие, ни треба Македонија за да го надополни нашиот идентитет – рече Борел.
Тој беше прв човек на Европскиот парламент во 2005 година кога Македонија тогаш предводена од премиерот Владо Бучковски доби позитивно мислење од ЕУ и потоа остана во чекалната 17 години.
Денес конечно започнуваме со процесот за кој чекавте и многу работевте. Живееме во многу големи и тектонски политички промени, се движиме кон стратешки одлуки, но стоиме на крстопатот во историјата. Се согласувам дека може да напредуваме само со целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ. ЕУ беше креирана за да ги залечи поделбите и ги намали разликите од војните на Стариот континент. Денес Македонија оди кон следната фаза на патот кон ЕУ. Живееме во клучни времиња и овој момент треба Македнија да го искористи за да ги направи клучните реформи. Преку пристапниот процес ќе се постигнат резултати кои ќе го трансформираат општеството и ќе донесат материјални придобивки за граѓаните. Ќе ви помогнеме при обидите трети страни да влијаат врз вас и ќе ви помогнеме да се соочите со последиците од војната во Украина. Ќе стоиме покрај вас на цел пат – истакна Борел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.