Во МНР во Скопје вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи го пречека државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Прекрасно е да се биде тука, прекрасно е да се биде во Македонија, прекрасно е да се биде со сите наши колеги доаѓајќи од НАТО тоа е соодветно бидејќи Македонија е силен сојузник и партнер на САД и сите наши сојузници во НАТО.
Секој ден го гледаме тоа. Јас морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во како што и самите рековте многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Знам дека бевте подготвени да продолжите но мило мие што Малта би ја преземе палката. Имаме стратешко партнерство кое навистина е фокусирано на работата која ја вршиме заедно како сојузници и партнери но исто така и работата која што заеднички ја вршиме на билатерално ниво.
Како што знаете ние силно ја поддржуваме вашата евроатланска интеграција, ја поддржуваме работата за зајакнување на вашите демократски институции, силно го поддржуваме работата која што ја вршите за поголема енергетска диверзификација во регионот и пошироко што ќе има големо влијание, во сето ова вие можете да сметате на САД како силен партнер и затоа една од причините поради кои сум јас тука оваа вечер не само ОБСЕ туку и за Македонија и да покажам колку го цениме партнерството кое го имаме“, рече државниот секретар на САД Ентони Блинкен на средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.