Традицијата продолжува. Утре на скопскиот аеродром ќе пристигне благодетниот оган од Ерусалим, објави 4NEWS.mk.

Во предвечерието на Христовото воскресение, сите свеќи се гаснат кај неговиот гроб, а потоа Благодатниот оган слегува во црквата на Христовиот гроб и тие повторно се запалуваат.

Тој оган потоа се носи низ целиот свет.

Во Македонија последните години доаѓа во соработка со грчката црква.

Бугарија оваа година ќе остане без благодетен оган оти не испратија екипа во Ерусалим како што велат поради последните случувања. Во нивните цркви ќе се служи огинот од минатата година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.