За денес едно семејство да преживее од месец за месец, потребно е околу 52.000 денари. Вработените во здравството имаат месечни примања од 23.400 денари нето од кои една четвртина ги даваат за кредити, а друга чевртина за режиски трошоци, алармираат од Независниот синдикат на здравствените работници, нарекувајќи ја состојбата во која се наоѓаат Здравствен холокауст.

Секое утро со насмевка ве примаат иако длабоко во себе носат гнев и нервоза.
Хумани и пожртвувани кон секој пациент.
Се запрашувам, дали некој функционер се запрашал како живеат овие здравствени работници?
Дали месечните примања им се доволни за еден цел месец?
Дали со месечните примања можат да си дозволат одмор, обувки за најмилите, гардероба за самите себе?
Овие луѓе се дел од овој системот кој ги дискриминира во целост.
Се дичат за 10% покачување, а основните животните намирници се покачени за 20%.
Срамота е !
Почитувани функционери. Здравството е еден клучен синџир за здраво и витално општество, истото се грижи за вашето здравје и здравјето на секој граѓанин. Го сведовте до тоа да еден здравствен работник не може да си дозволи годишен одмор, да размислува што ќе јаде ден за ден, а да не потроши многу, го донесовте до тоа да се осеќаат безвредно и деморализирано, а секоја амбиција оддамна му ја згаснавте.
Направивте апатија во здравството, направивте сите помлади од 50 години да ги напуштаст своите родни места за подобра иднина, но надвор од границите на оваа држава.
Македонија за неколку години ќе стане држава на стари и изнемоштени лица и криминалци кои се богатат на бедата на народот.
Благодарение на вас господа што имате покачување од 78%, ние здравствените работници сме сведени на дното, сведени сме на ниво каде се бориме да го сврземе месецот со наредниот.
Здравствените работници се херои на 21 век, порачаа оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.