Многу внимание во јавноста предизвика информацијата дека фирмата на внукот на лидерот на Али Ахмети го купил деловно-трговскиот центар „Соравија“ кој практично е залепен со ГТЦ.
Името на Дрин Ахмети не е непознато во јавноста. Станува збор за внук од брат на лидерот на ДУИ. Братот на Али се вика Фекри, а неговиот син Дрин стана бизнисмен, толку моќен да купува имоти среде Скопје.
На Дрин Ахмети му одат повеќе бизниси од рака па тој е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари.
Но, не е само бизнисот. Дрин беше и дел од „шарените“ на протестите против минатата власт и гордо се фотографираше со неговите „соборци“ пред Владата на тогаш Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.