Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на отворањето на второто издание на меѓународниот „Реди самит“, во организација на здружението „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“.

Во продолжение ви го праќаме неговото интегрално обраќање.

„Денеска е Ден на Албанската азбука и во име на почитување и славење на различностите, чест ми е што сум денеска на отворањето на овој  „Реди самит“ 2022.

Гласно, јасно и често треба да зборуваме за инклузивност, еднакви шанси и можности за сите. Само така ќе продолжиме да го градиме нашето едно општество за сите, кое вклучува, обединува, се развива и расне.

Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамките на Берлинскиот процес на проширување на ЕУ, Република Македонија, оваа година, подготви и усвои нова Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешката Рамка на ЕУ за Ромите.

Покрај ова, во програмата на Владата на Република Македонија 2020 – 2024, инкорпорирани се различни мерки за поддршка и унклузија на Ромите, како активни мерки за вработување, унапредување на законската регулатива и формализирање на работата.

Инвестирањето во развојот на ромската заедница има долгорочни придобивки, во поглед на подобрувањето на социјалната кохезија и економскиот статус за Ромите на долгорочен план.

Владата на Република Македонија е определена да гради инклузивно општество и да, ќе овозможиме целосна социјална инклузија и на граѓаните Роми во Република Македонија. Ние сме решени на тоа.

Клучно е дека постои политичка волја за вистинска имплементација на Стратегијата за Ромите во Република Македонија и за следење на сите европски препораки кои се однесуваат на инклузија на Ромите во општествата.

Владините антикризни мерки кои беа одговор на кризите беа наменети за заштита на најранливие категории граѓани. Од почетокот на енергетската и економска криза, Владата даде енергичен одговор, со цел никој да не остане изоставен.

Во рамки на мерките за поддршка на компаниите пак, се предвидува проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање.

Во 2021 година преку Развојната банка беа подржани 17 ромски бизниси. Истовремено, продолжува можноста за формализација на дејноста преку самовработување со грантови кадешто се зголемува бројот на Роми коишто формираат и регистрираат свои сопствени бизниси во рамките на Оперативниот план за активни мерки и досега околу 70 лица ја искористиле оваа можност.

Денеска се потсетив на почетоците на мојата кариера, кога пред повеќе од 20 години работев на инклузија на Ромите во нашето општество. Денеска работите се многу подобри, но имаме уште работа.

Можности за сите има, треба да зборуваме со сите за информацијата да допре до секој.

Верувам дека понекогаш само мало охрабрување вродува со голем плод.

Затоа ги охрабрувам сите, ромите, ромките но и останатите граѓани на оваа земја, да знаат дека државата ќе ги поддржи во нивните соништа. Бидете гласни, да ве слушнеме, барајте и работете за остварување.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.