Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, на која и посака добредојде во нашата земја и успех во новиот мандат.
На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи ја поздрави одлуката на судот на Грција за отворање на Центарот за македонски јазик во Република Грција, потенцирајќи ги добрите соседски односи кои веќе носат значителни придобивки за двете земји.
Амбасадорката Филипиду искажа подготвеност за уште позасилена соработка и продлабочување на економските односи помеѓу двете земји за потполно искористување на потенцијалот кој го имаме.
На состанокот вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Филипиду зборуваа за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои се од големо значење на Македонија но и целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.