СДСМ е политичка партија која не прави компромис со принципите на слободата и еднаквоста, кои воедно и се во темелите на ЕУ, каде нашата држава сакаме да ја видиме како полноправна членка. Носењето на одлуки кои ќе не доближат до оваа наша стратешка цел, значи создавање на можности за иднината за која младите размислуваат. Затоа ние сме на страна на младите, на идните генерации, носиме одлуки кои создаваат економски перспективи за сите нив“, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во рамки на Летниот камп на Социјалдемократската младина на Македонија кој се одржува во Охрид.

Потпретседателот Битќи, нагласи дека преку евроинтегративните процеси се создаваат подеднакви можности за сите млади во земјава.

„Со забрзувањето на евроинтегративните процеси за нашата држава ќе донесе и порамномерен економски развој во земјава, со што иднината нема да биде само привилегија на младите кои живеат во најбогатиот Скопски плански региона, туку подеднакви можности ќе имаат и оние кои живеат во Североисточниот регион“, рече Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.