Без договор заврши средбата меѓу новиот собраниски спикер Јован Митрески и пратениците од албанската опозиција за избор на член на ДИК.
Комисијата за избори и именувања денеска заседаваше, но единствена точка на дневен ред беше изборот на уставен судија, на што реагираа дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Побараа одговори од Георгиевска зошто се блокира постапката за комплетирање на ДИК, наместо да биде приоритет.
Последната комисиска расправа пред Нова Година беше прекината откако опозиционерите бурно реагираа дека претседателката Марија Георгиевска предложи двајца кандидати да се пратат на пленарна седница – Абдуш Демири како кандидат на албанската опозиција и Зулфи Адили од Алијанса за Албанците, а формално е предложен од новоформираната партијата на Арјанит Хоџа.
Од партијата на Таравари не се откажуваат од местото и по цена местото да остане испразнето и за време на изборите.
Сагата во Комисијата за избори и именувања со изборот на седми член на ДИК трае неколку месеци, а местото беше испразнето откако Кренар Лога стана министер за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.