Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, ја напуштил земјава.

Тој за „Фокус“ тој открива дека ја напуштил земјава уште на 18-ти ноември минатата година, бидејќи сфатил дека ќе биде осуден на затворска казна од над осум години.

Раскажува и дека не е во Бугарија, туку во друга европска земја каде чека азил, бил во повеќе кампови за азиланти, а сега во зграда со повеќе семејства кои користат заедничка кујна и купатило, разочаран од случувањата во земјава, започнува живот од почеток.

Не се шпeкулации гласините дека побегнав од земјава, но вистината е дека не сум во Бугарија, туку во друга земја од ЕУ. Не смеам да кажам во која, бидејќи започнав пoстапка за азил. Заминав поради тоа што МВР го имаат измонтирано многу јако предметот за мене, и целта им беше да бидам осуден на повеќе од 8 години. Од Македонија си заминав најнормално на 18-ти ноември лани, со пасош, нема место за приказни за бегање во гепек. Не планирам да се враќам назад никогаш, бидејќи омрзнат сум и непријатен сведок за најголемите политички партии,тврди Цветанов за „Фокус“.

На социјалните мрежи шпекулираат дека тој е во Германија но за тоа нема потврда.

Повеќе на „Фокус.мк“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.