Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба.
Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка.
– Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети.
Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.