Помина подолг период од кога ја видовме снимката од пцостите, неартикулираните и примитивните случувања кои произлегоа од однесувањето на Талат Џафери во Собранието. Се обидуваше да ги избегне, да ги премолчи.

Еве не сака да ја стави интерпелацијата на дневен ред, очигледно е дека е исплашен, бега, се крие. Свесен е дека сето онашто го направил не оди во полза на граѓаните и Собранието, но за ова треба да сноси одговорност и треба што побрзо да ја стави, да не речам веднаш, интерпелацијата на дневен ред од едноставна причина затоа што никој не смее да се однесува така примитивно во Собранието на Република Македонија и да ги навредува вработените и да го нарушува нивното достоинство, бидејќи сите тие луѓе имаат семејства, а нивните семејства ги слушнаа пцостите и примитивниот начин на однесување на претседателот на Собранието Талат Џафери”, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Треба веднаш да се стави на дневен ред интерпелацијата бидејќи треба да се сноси одговорност за примитивно однесување кое што го имаше претседателот на Собранието, посочи Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.