Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва доби поддршка од своите сограѓани, гостиварци.
На социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии на кои се гледаат неколку стотина граѓани кои со факели му даваат поддршка на претседателот на партијата, откако тој доби закана во вид на куршум.
Внатрепартиските превирања во Алијанса кулминираа откако Таравари најави дека на претстојните избори ќе му се приклучи на албанскиот опозициски блок. Села вчера на прес-конференција најави дека партијата ќе оди сама на избори, а по оваа најава уследија два инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.