Антонио Апостолски е акредитиран адвокат за жртвите и обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, а претходно беше aдвокат пред Меѓународниот Кривичен Трибунал за поранешна Југославија. Тој во интервју за НетПрес ексклузивно зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против припадник на косовското ОВК, како и за случаи покренати од сепцијалното обвинителство за воени злосторство против македонски државјани за дела сторени во Косово.
Тој во интервјуто појаснува зошто е важна пресудата против Салих Мустафа за воени злосторства сторени на територијата на Косово.
На 16 декември 2022 година, Судскиот совет I ја изрече својата пресуда во случајот Специјализираниот обвинител против Салих Мустафа. Пресудата претставува пресвртница за обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, бидејќи претставува прва пресуда на овој трибунал во случај за воени злосторства. Нејзината правна и историска важност е дека се повторува начелото дека правдата можеби е бавна, но од нејзиното величество не може никој да избега, вели Апостолски.
Судскиот совет го прогласи обвинетиот Мустафа за виновен за воени злосторства, произволно притворање, тортура и убиства и го осуди на затворска казна од 26 години.
При изрекувањето на пресудата, Судскиот совет истакна дека обвиненијата во овој случај се однесуваат исклучиво на индивидуалната кривична одговорност на обвинетиот Мустафа и неговата вмешаност во наводните воени злосторства при притвор, сурово постапување, тортура и убиства на жртвите.
Истакнувајќи дека жртвите во овој случај се косовски Албанци, Судскиот совет дополнително нагласи дека „нивните напори да бараат правда и вистина се во срцето на овие постапки“. Во својата пресуда, Судскиот совет утврди дека за време на конфликтот меѓу ОВК и српските сили, обвинетиот Мустафа бил единствениот и севкупниот командант на герилската единица на БИА на ОВК до нејзиното распуштање; дека тој командувал со комплексот Злаш во периодот на наводните злосторства; и дека има моќ да закажува состаноци во герилската единица на БИА, да издава наредби на своите подредени и да ги дисциплинира, објаснува Апостолски.
Целото интервју тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.