Доколку утре се одржат избори, 18.2% од избирачите својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата теренска анкета на ИСПОС, спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ од 2 до 16 март на примерок од 1007 испитаници.
Она што за првпат во анкетите е повеќе од очигледно што разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е двојна. За партијата на власт својот глас би го дале само 9.5% од гласачите. Трета партија во македонскиот блок е Левица, со доверба од 4%.
Во албанскиот блок, се уште води ДУИ, но со осетен пад на довербата. За албанскатаа апртија на власт би гласале 4.1%, за Алијанса за Албанците 3.5%, а за Беса само 1.2%.
Неопределени биле 16.5% од испитаниците, а одбиле да одговорат 15.9%.
1. Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори за кој би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 18.2%
СДСМ 9.5%
ДУИ 4.1%
ЛЕВИЦА 4.0%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.5%
БЕСА 1.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.7%
ДПА 0.4%
ЛДП 0.2%
ДРУГИ 1.2%
НЕОДЛУЧНИ 16.5%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 15.9%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 24.6%
Од политичарите најголема доверба ужива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Нему му веруваат 9% од испитаниците. Интересно е дека Мицкоски е осамен лидер на партија на првото место. Првпат претседателот Стево Пендаровски има поголем рејтинг од лидер на партија, односно од претседателот на владејаќката СДСМ Димитар Ковачевски. Ковачевски ужива доверба од 4% или само еден процент повеќе од Димитар Апасиев од Левица.
И во овој случај, како и меѓу партиите, Мицкоски има повеќе од двојно повисока доверба од Ковачевски.
2. На која личност можете највеќе да верувате?
Христијан Мицкоски 9%
Стево Пендаровски 6%
Димитар Ковачевски 4%
Димитар Апасиев 3%
Али Ахмети 3%
Зијадин Села 2%
Зоран Заев 2%
Во однос на македонско-бугарското прашање, 39% од испитаниците сметаат дека Македонија треба да бара реципроцитет во односите со Бугарија. Висок е процентот и на оние кои сметаат дека Македонија треба да бара писмени гаранции од Бугарија дека нема да го блокира патот кон ЕУ доколку Бугарите бидат вклучени во Уставот.
3. Со која од следниве извади највеќе се согласувате?
20% Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ
39% Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија
10% Македонија треба без услов да ги вклучи бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ.
31% не знам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.