На 1 април МКД.мк го објави истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет вижн“ за првиот круг од претседателските избори. И ова истражување, како и истражувањата кои МКД.мк и Маркет вижн веќе неколку години по ред ги спроведуваат, покажа дека е најблиску до резултатот.

Политичари од власта, портпароли, како и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, коментираа дека се работи за анкета правена во партиски штаб. Најдобриот демант за ова е споредбата на резултатите од анкетата сo резултатите од првиот круг од претседателските избори, велат од МКД.мк.

Анкетата на „Маркет вижн“ и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Силјаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Силјаносвка Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори.

 

За декемвриската анкета на МКД.мк и „Маркет вижн“ премиерот Димитар Ковачевски изјави дека била пишувана во партиски штаб. По оваа негова изјава МКД.мк и „Маркет вижн“ соопштија дека бараат премиерот да ја повлече изјавата и да се извини. Тоа се разбира не беше сторено.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.