Агенцијата за примена на јазикот на Република Македонија во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦ) и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе изврши теренска анкета.

Анкетата ќе биде спроведена од мај до август 2024 преку анкетен прашалник и поврзана со примената на Законот за употреба на јазиците во сите органи на државната власт во Република Македонија.

-Поточно, во централните институции, јавните претпријатија, агенциите, дирекциите, установите и организациите, комисиите, правните лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, како и во единиците на локалната самоуправа каде што се користи јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, соопшти Агенцијата за примена на јазикот на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.