Двојно повисока е и довербата на гласачите во политиките на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наспрроти довербата во политиките на актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Во анкетата на МКД.мк спроведена од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, од оние кои се изјасниле во Христијан Мицкоски веруваат 12%, а во Димитар Ковачевски 6,1%. Во Али Ахмети свој лидер гледаат 5,9% од гласачите, во Димитар Апасиев 3,7%, а во Никола Груевски 2,9%.
Приближно две третини или 60,9% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена.
И довербата на гласачите во ВМРО-ДПМНЕ е двојно повисока од онаа на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство со двојно повисок рејтинг од владејачката СДСМ. 22% од испитаниците се определиле за партијата што ја предводи Христијан Мицкоски, а само 11,5% за партијата на чело со Димитар Ковачевски. ДУИ се уште е најпопуларна албанска партија, за интегративците на Али Ахмети би гласале 9,2 отсто. Левица ужива доверба од 5 %, Алијанса за Албанците 3,5 отсто…, покажуваат резултатите на анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни.
Споредено со февруарската анкета, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст за нешто повеќе од еден процент, СДСМ пад за 0,9%.
Анкетата е со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.