Суштината на се што се случува овие последни две недели е дека власта нема стабилно мнозинство и затоа се случува оваа драмолетка. Велите не е математика, но е чиста математика, меѓу Ковачевски и Алијанса, факт е дека немате 61 пратеник, немате мнозинство и нема изјава каде не викате ВМРО-ДПМНЕ кочи. Не кочи ВМРО-ДПМНЕ, туку немате мнозинство, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница.
За вас политиката е само математика и дозволивте во овие тешки времиња на енергетска и економска криза да се занимавате која позиција кому ќе припадне, истакна таа.
Ангелевска додаде дека предлогот на премиерот е едно ливче со три имиња да бидат разрешени.
– Нема образложение како сработиле, дали сработиле, дали ги исполниле очекувањата, ниту пак премиерот во експозето спомена нешто за овие тројца министри. Дел од министрите беа убедени да дадат оставка, едниот убаво си кажа дека е пазар 3 коалиција. Бидејќи сега зборуваме за Беким Сали кој се уште е министер за здравство, сакам да потсетам како премиерот злоупотребуваше ситуацијата со недостигот на лекот трикафта и прераната смрт на еден битолчанец. Викаа за 30 дена ќе биде набавен, а жално е како се користеше ситуацијата за лукративни цели да се натера министерот да прифати вина, нагласи таа.
Ангелевска потсети дека министерот реагираше дека не може да премолчи и дека министерството испратило до владата за средства за набавка на лекот, и дека покрај барањето ниту владата ниту премиерот не одличија да се обезбедат средства.
– Ако некој требаше овде да се разрешува требаше премиерот сам да си даде оставка, изјави Ангелевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.