Министерството за политички системи ќе биде само за односи меѓу заедниците, најавува ВМРО ДПМНЕ. Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во партијата вели дека ВМРО-ДПМНЕ преговара и за формирање влада, но и за постигнување двотретинско мнозинство во Собранието, за Радио Слободна Европа.
Планираме една мала реконструкција во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и мислам дека во оваа насока граѓаните ќе бидат навистина задоволни.
Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, постојат спортски сали за тоа. Вториот дел мене како правник ми пречи тоа што ова министерство се нарекуваше „за политички систем“ кога знаеме дека се ова што ние го работиме е политички систем. И Собранието е политички систем, Владата, дури и судовите се политички систем.
Тоа е таа поделба на власта кај нас која постои и е на три дела. Беше чудно што еден министер е задолжен за цел политички систем во државата односно за еден ресор. Така што мислам дека ова ќе се трансформира само во Министерство за односи меѓу заедниците додека политичкиот систем има една малку поширока димензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.