Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во наредните три дена ќе оствари работна посета на Талин, Естонија. Во рамки на посетата, на покана на Естонската Академија за е-управување, Андоновски ќе биде еден од главните говорници на најголемиот самит за дигитализација – Tallinn Digital Summit (https://www.tds.icds.ee/).

Андоновски ќе се обрати на панелот насловен како „Сајбер отпорност и партнерства со Западен Балкан: Дигитална технологија и управување“, на кој ќе зборува за постигнувањата на новата Влада во поглед на новите електронски услуги, подобрувањето на процесите на управување и плановите и визиите со Националните стратегии за сајбер безбедност и за ИКТ развој.

На маргините на Самитот, планирано е Андоновски да оствари билатерална средба со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, како и со заменик министерката за дигитална трансформација на Украина, Валерија Ионан.

Андоновски е поканет и да присуствува на свечениот состанок кој го организира Претседателот на Владата на Естонија, Кристен Микал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.