СДС е оној субјект кој го предлага Јовески како нивен најдобар кадар да биде уставен судија и жестоко со месеци го бранат, а во исто време Јовески води обвинителство кое има под 1% доверба на последната анкета на ИРИ. За што зборуваме кога предлогот на СДС има под 1% доверба, изјави Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновски посочи и дека и од надвор прашуваат каде се милијардите кои се фрлени во правосудството.

– Нас ни треба реформа која оваа влада нема капацитет да ја реализира, рече тој и додаде дека во Македонија постојат два правни системи кои паралелно функционираат и се во постојан судир еден кон друг.

– Едниот правен систем е тој кој му дозволува на Мерко да се однесува како што се однесува последниве 10 години, правен систем кој му доволува на внук на еден од најдолговечните политичари на 24 години да има милиони евра за да купи трговски центар во Скопје, правен систем кој им ги дава сите бенефити на лицата кои се послушници на власта, изјави Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.