На македонските граѓани им е смачено да попуштаат , особено за тоа кога се нема никаква гаранција за некаков реципроцитет од страна на Бугарија, посочи Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Надвор ние не поставуваме наши барања, дали имаме ние некои црвени линии и гаранции кои треба да се исполнат. Суштинскиот проблем е дека имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор има подвиткан ‘рбет или воопшто нема ‘рбет “, рече Андоновски.

Андоновски потенцираше дека барањата на Бугарија не се европска вредност и се директно мешање во работата на една суверена држава и директно бараат промена на Устав.

Потребно е Бугарскиот парламент да се повлече од иредентистичката бугарска декларација која е против македонскиот јазик, народ и нам не нарекува коминтерновска творба и второ бугарската држава да ги почитува пресудите на судот за човекови права од Стразбур и да дозволи регистрирање на политичка партија, здружение на граѓани или движење на македонците во Бугарија“, изјави Андоновски.

Тој нагласи дека Бугарите беа многу остри кога претседателот Пендаровски се средна со здруженијата на Македонците од Бугарија иако претседателот не ги нарече нив така. Бугарите тогаш кажаа дека средбата на претседателот е директно мешање во внатрешните работи на Бугарија иако ние не бараме промена на уставот со таа средба.

Бугарите исто така се строги со нашите барања во однос на пресудите од Стразбур.

Нас кој ни гарантира дека доколку се промени на Уставот на Македонија тогаш на Бугарија не може да им текне некакво друго барање кон Македонија пред да ни даде зелено светло за преговори со ЕУ“, заклучи Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.