Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок очекува да се тргнат настрана партиските калкулации при одлучувањето за уставните измени во Македонија.

Бербок денеска ќе допатува во Скопје на средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и другите заедници треба да бидат вметнати во Уставот.

„Местото на Македонија е во ЕУ, исто како и на нашите останати партнери од западниот Балкан. Дека навистина го мислиме тоа, покажавме најдоцна со официјалниот почеток на пристапините преговори со ЕУ во јули 2022 година“, порача Бербок пред полетувањето за Скопје.

извор: Дојче Веле



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.