Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје и поранешна пратеничка на СДСМ во Собранието, е предложена за нов судија во Уставниот суд откако СДСМ вчера го повлече предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Предлогот, според објавеното на веб -траницата на Собранието, е на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Павловска-Данева е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Довчерашниот кандидат Љубомир Јовески беше изненаден од повлекувањето на неговата кандидатура, без никакви објаснувања и основи.

Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот оставајќи ме ранлив на непотребни критики, изјави Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.