Активистката за работнички права и гласноговорничка за голем број општествени проблеми Кристина Ампева со жестока реакција за злоупотребата на народните пари.

Таа постави неколку прашања, како што вели, на господата од Владата.

-Зошто се помага со месеци на компании за да ги намалат цените на производите и дури сега забележале дека државната помош е злоупотребена, пак , на грбот на граѓаните?

– Дали некој ќе одговара за оваа злоупотреба со народни пари, дали се почнати постапки ? А и да се дадат имињата на компаниите, имаме право да знаеме!

-Зошто уште нема абер од јавното обвинителство за претходните злоупотребени народни пари со 6 пакета на мерки во корона кризата бидејќи треба да одговараат и ги вратат назад во државната каса?

-Грозно е да се гледа оваа несериозност и распашаност, безобразлук од страна на одредени фирми, но и од страна на властите кои воопшто не им е гајле дали нашите народни пари кои ги даваат во приватниот сектор имаат ефект врз граѓаните, вели Ампева во својата фесјбук објава.

-Исто, ужасно е, неодговорно е и крајно фрустрирачки после 3 години јавното обвинителство да не даде одговор и ги остави сите оние кои ги злоупотребија народните пари во прогласена вонредна состојба без никаква казна, никаков одговор и одговорност кон граѓаните и народниот буџет. Ма ужасно е да се гледа распашаност со наши пари, наши даноци и никој да не одговара. Дно е! На крај, ние плаќаме за сите овие неработници, апаши, криминалци и политичари и државници што во ветер ги фрлаат нашите пари , даноците кои ги даваме за некои да пљачкаат! – децидна е Ампева, а со нејзиниот став се согласуваат голем број граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.