Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска бил повикан на консултации со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, информираат извори на ТВ 24 од Министерството за надворешни работи.

Според изворот на ТВ24, се очекува Жерновски во следните денови да допатува во Скопје.

Во веста не се наведени причините поради кои Жерновски треба да се јави во МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.