Алијанса на Албанците предводен од Села останува во европскиот опозициски фронт. Партијата ги екипираше работните тела – денеска се одржа годишното собрание. За генерален секретар на партијата е избрана Илире Даути, а за организациски пак Тирон Јајага, пренесува ТВ 24.
Доскорешните партиски сојузници сега опоненти порачува – влегле во власта поради лични причини. Сè уште нема епилог од судскиот процес околу партијата и партиските печати – кој започна пред изборите откако Алијанса на Албанците се подели.
Пред парламентарните избори партијата Алијанса на Албанците се подели на два дела едниот предводен од Зијадин Села и вториот од Арбен Таравари кој како дел од коалицијата Вреди станаа власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.