Алијансата за Албанците реагираше по синоќешните настани на плоштадот Скендербег, каде што беше вклучен и братот на функционерот, Зуди Енузи-Кока. Од АА велат дека граѓаните веќе неколку дена „се незаштитени од хулиганите на протестите“, а апелираат до власта да не ги тера граѓаните да се бранат. Според нив, вратот на Кока вчера се бранел.

„Два последователни дена Албанците од Скопје се незаштитени од државата и полицијата. Хулиганите од неодамнешните протести вчера и денеска ги нападнаа имотите на Албанците и граѓаните во Старата чаршија и плоштадот Скендербег. Ги повикуваме граѓаните да бидат воздржани и внимателни и да не напаѓаат во провокации и мрачни сценарија.

Ги повикуваме партиите од власта, носителите на институциите, да не ја оптоваруваат ситуацијата со политички клевети, туку да ги заштитат граѓаните и да не ги принудуваат Албанците да се бранат, како што се случи денеска во Скопје, сами да го заштитат својот имот, нивната  егзистенција и нивните животи. Најостро го осудуваме однесувањето на СДСМ и ДУИ кои денеска наместо да работат на заштита на граѓаните воопшто, избраа да ја затегнуваат ситуацијата со обвинувања за сценарија кон албанската опозиција“, изјави Наим Бајрами од АА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.