Денот на албанското знаме беше одбележан и во Македонија.Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека овој празник треба да ги обедини Албанците за да овозможи подобра благосостојба во нивните градови, како во образованието, културата, здравството, економијата, политиката и друго.

-Денеска сме во ова училиште кое го носи ова големо име и се потсетуваме на историјата, но во исто време нè допира во нашата совест. Ако тогаш во тие тешки времиња беше пушката и дипломатијата, денес мислиме дека со добро владеење можеме да го продолжиме патриотското дело на Исмаил Ќемајли, Скендербег, Адем Јашари и големите личности. Се обидуваме да го направиме ова со името на ова училиште“, изјави Меџити.

На скопскиот булевар Партизански одреди излезени до половина во автомобили, облечени во блузони со двоглавиот орел и со развиорени албански, „легнати“ на сирените во возилото Албанци го прославуваа денешниот ден



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.