„Македонскиот парламент го усвои францускиот предлог, се отвора патот кон ЕУ“, „Парламентот на Македонија го одобри францускиот предлог-68 пратеници гласаа ЗА“, се само дел од насловите на информациите кои ги пренесуваат албанските медиуми, кои во континунитет информираа околу расправата во македонскиот парламент во врска со францускиот предлог.
-Собранието на Македонија денеска го одобри францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, што ќе го отвори патот за процесот на европска интеграција. Предлогот беше одобрен со 68 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан. Пратениците од опозицијата не учествуваа во процесот на гласање, е дел од информациите кои ги пренесуваат медиумите.
Додаваат дека пратениците гласале за седум заклучоци поднесени од „пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) кои се однесуваат на гаранциите за македонскиот јазик и идентитет“.
Со нив, се нагласува понатаму, Собранието ја обврзува Владата преку делегациите во разговорите да се придржува до дефиницијата за безусловно почитување на јазикот, идентитетот и културата на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ. Во рамките на разговорите, македонскиот јазик да биде без појаснувања, без дополнувања и без фусноти.
-На гласањето му претходеа три дена расправа во Собранието на Македонија, која беше проследена со приговори, па дури и обиди за физичка пресметка. Во текот на целата расправа пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со свирење ги спречуваа пратениците од владејачките партии да одржат говор, наведува Топ чанел.
Според Ора њуз телевизија и денеска имаше повици за протести пред Собранието каде „граѓаните излегоа против бугаризацијата на Македонија и против употребата на фуснотата за македонскиот јазик како и против рецензија на учебниците“.
-Денешната одлука на парламентот се чини дека го отвора патот за пристапниот процес на Македонија, но и веќе на Албанија, бидејќи тие беа блокирани од бугарското вето, констатира телевизијата.
Под наслов „Македонскот парламент го прифати францускиот предлог со 68 гласови „за“- „ зелено светло“ на патот кон ЕУ“ агенцијата Балкан веб пренесува речиси идентична информација.
Оценува дека согласноста на влдата по заклучоците е само формалнот и оти тоа значи дека „првата меѓувладна конференција со Албанија и Северна Македонја веќе е реалност следната недела“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.