Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Анџела Агелер, на која и посака успех во новата мисија.
Соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, уставните измени и реформите, политичката состојба во земјата и регионот, како и процесот на ветинг беа само неколку теми на кои разговараа Ахмети и Агелер.
Ахмети изрази дека враќањето на амбасадорката Агелер и нејзините познавања за земјата и околностите ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и уште поголемо зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Г-дин Ахмети изрази благодарност за американската помош во процесот на реформите и евроинтеграциите.
Целосната интеграција на нашата земја и на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на регионот.
На средбата Ахмети и Агелер разговараа за потребата од усвојување на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат, поради што било оценето дека сите политички сили во државата треба да рефлектираат и да не ја држат во заложништво иднината на државата и нејзините граѓани.
Ахмети истотака го потенцираше процесот на ветинг како неопходен поради фактот што тој ќе биде најдобра форма за кредибилитетот на личностите во сите сфери, од политиката до обвинителството и судството, како форма на контрола пред тие да бидат избрани на одредени позиции.
Ахмети изрази благодарност за значителната улога на САД во земјата и регионот, како и дека тој и ДУИ се партнери и целосно достапни за прогресивната проевропска агенда, владеењето на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.