Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по повод 33-годишнината од независноста на Македонија со статус на својата Фејсбук страница упати порака до политичките елити да работат за почит и еднаквост помеѓу заедниците.

-Пред 33 години Албанците се радуваа на одвојувањето од Југославија и ја креваа надежта за изградба на нова држава еднаква за сите. Но, тоа не се случи, новата македонска држава го продолжи српското наследство во Југославија, третирајќи ги Албанците како граѓани од втор ред. Ова доведе до војната во 2001 година и Охридскиот мировен договор. 23 години подоцна, гледаме дека сè уште има тенденции за мајоризација, за непочитување на демократската волја на Албанците од страна на партијата што ја претставува мнозинската заедница, за нарушување на етничкиот легитимитет со цел да се создадат слуги кај Албанците за нивната моноетничка политика.

Затоа, на оваа годишнина од независноста, ценам дека македонските политички елити треба да бидат свесни за големата одговорност што ја имаат во градењето на државата, почитувајќи ја политичката волја на Албанците и еднаквоста, бидејќи оваа држава ни припаѓа на сите нас и не може да биде изграден без почитуван етнички легитимитет, порачува Ахмети, стои во соопштението од ДУИ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.