САД се најважниот стратешки партнер на Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјава американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за емисијата „200“ на Алсат.
Прашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека станува пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи земјата, таа вели оти се надева дека не мислел на неа.
– Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш наша намера било да ве поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамките на судството, се одлуки само на челниците на оваа земја. Ние не кажуваме кој треба да седне во кој било суд. Ние не кажуваме кој треба да биде член на кој било совет. Дали има широко распространета корупција во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 проценти, тоа е разочаривачки, рече Агелер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.