Сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европската унија и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа, изјави амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Прашана за нејзин став во однос на процесот за уставни измени, Агелер по денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека не е нејзино да зборува за тоа, но дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ.

Навистина сметам дека не е мое да зборувам за тоа како тече процесот на уставните измени. Јас сум амбасадор на САД. Ние не сме дел од Европската Унија, но кога ја гледам границата и големиот број возила кои влегуваат и излегуваат, сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европа и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа. Границата со Грција не потсетува на тешките одлуки што оваа земја веќе ги направи, и знам дека и ова е тешко, но ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ, изјави Агелер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.