Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се предлозите за идните потпретседатели на Собранието. Тие треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања. Весна Бендевска која во емисија Клик плус на ТВ21 ги демантираше шпекулациите дека таа ќе биде идната министерка за правда од редовите на ЗНАМ, рече во иднина ќе има тројца потпретседатели на Собранието.

Во принцип секогаш едно потпретседателство место добива опозицијата и едно до две од политичките партии кои учествуваат и се дел од владејачкото мнозинство. Одлуката за бројот на потпретседатели не ја видов бидејќи треба да биде утврдена претходно на Комисијата за прашања на изборите и именувањата“, додава Весна Бендевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.