ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа со различни ставови за денешната афера „тајни имоти“. Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните.
Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.
ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.
ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека СДСМ признал дека постои таен имот и дека институциите мора да постапат. Според опозицијата Антикорупциска е дел од проблемот, бидејќи не реагира.
Токму Антикорупциска е дел од проблемот зошто не реагира за таен имот од 30 милиони евра, на 123 функционериИстата антикорупциска која по нарачка го амнестираше дезертерот Ковачевски за Броило.СДС призна дека постои таен имот. И повеќе нема бегање.
И самата претседателка на Антикорупциска во повеќе наврати призна дека постојат дури и функционери кои имаат имот, а кој не е на нивно име. И после половина година за тоа реакција нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.