Новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, се појави пред новинарите за првпат после добивањето на оваа функција.
Наследникот на Вилма Рускоска запрашан дали се знаат со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече:
Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам.
Абази истакна дека не е член на ниту една политичка партија, со оглед дека има шпекулации за негова блискост со ДУИ.
Јавно обвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. Према тоа никој пат не сум бил ниту пак сум член на било која политичка партија ниту сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија, кажа новиот шеф.
На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Тој беше избран со 66 гласови, а право на избор имаа 163 обвинители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.